Томица Делибашић

Елбрус е освоен!

Биљана Серафимовска

Помина доста време од враќањето од Елбрус. Навистина . А јас се чувствувам како се да се случи вчера. Кога подобро ќе размислам, можеби затоа што само добрите работи се оние кои остануваат позади нас.

Eлбрус

Никогаш не сонував за високи врвови. Сакав само еден ден да се искачам на Мон Блан и да продолжам со тоа што всушност го тренирам 11 години - спортска ориентација и спортско качување. Меѓутоа, никогаш не е така. Кога ќе постигнеме некој успех, можеби само моментално се задоволени нашите амбиции. Но, потоа се стремиме кон уште повисоки задачи, каде што се обидуваме да се најдеме ние самите.

Минатата година на 26.08.2007, во 8.15 часот, стапнав на највисокиот врв на Алпините - Мон Блан! Woooow! Тоа тогаш за мене беше вистинско доживѕвање. Со моите 16 години се искачив на 4 807 метри над. височина. Тоа беше доста популарно тоаш, а како и да не биде, кога после 5 години мечтаење конечно го направив тоа што го сакав? Всушност, Мон Блан беше почетна точка кон освојувањето на Елбрус. Се започна таму.

... Mt. Elbrus:

Бевме доста одлична екипа! Си поминавме незаборавно... барем јас така си поминав. Некако овој пат не бев многу загрижена за тоа што кје се случи, барем се додека не дојде 05.07.2008. Дадов се од себе за Елбрус да биде освоен. Имав доста подршка од сите членови на експедицијата, а тоа е доста важно. При крајот на искачувањето ми беше малку потешко и се чувствував уморно. Ми се спиеше и едвај ги држев очите отворени. Па... врвот го искачував цели 13 часови, што и не е баш малку, нели? Точно во 14.35 часот стапнав на Покривот на Европа!! Неможев да верувам... но тогаш не ни бев свесна колку само тоа денес ќе ми значи... Да ли можете да замислите колку беше убавоооо??? Неверојатно... навистина се чувствував како Принцеза на Височините!

Teрскол

Беше едно прекрасно доживување. Остварување на уште една желба и нормално... почеток на друга. Како и секогаш.

После тоа следуваше разгледување на Москва и сл. Купивме поклончиња за сите, се изнашетавме, дибивме признанија од Руската Фередерација за Алпинизам, за искачувањето на Елбрус. By the way, се видов со мојот драг пријател од Русија и така да, можам да кажам дека ова беше навистина прекрасна експедиција ... НЕЗАБОРАВНА!

Moсква

За крај сакам да ви кажам дека... ништо не е невозможно! Важно е да го посакуваш тоа, а потоа целата Вселена прави заговор за да ти помогне да го оствариш Твојот Сон.

Jaс и Мики

И да не го заборавам уште ова... сакам да им се заблагодарам на сите мои Пријатели од експедицијата што се грижеа околу мене. Исто така и на чичко Томица. - Фала за сите Orosal пакувања, за преубавите слики од врвот, вкусните супи и вниманието! Навистина... тоа доста ми помогна околу мојата психичка состојба...никогаш нема да го заборавам тоа.

На врвот

Исто така сакам да им се заблагодарам на Мирослав Ристовски и Милан Памучар. А морам да кажам дека имавме и одлични водичи! Владислав Маткович и Лазар Попара.

Koлоната

Два врвови се освоени, а имам претчувство дека ќе ги има уште...

Никој неможе да го заборави она што го посакува. Дури и кога, во одделни мигови, се чини дека светот и другите луѓе се посилни. Тајната е едноставна: ДА НЕ СЕ ОТКАЖЕШ.

Ново на сајту (29.9.) Забележено: Голем Кораб (7.9.) Планински предели: Рила, врх Балкана (23.7.) Забележено: Маганику у походе (13.5.) Акције - актуелно: Маганик (4.6.) Планински предели: Планине Власине (19.4.) Планински предели: Солунска глава (18.3.) Ваши прилози: Маглић (Л. Цицварић) (21.2.) Књига: Друго издање књиге "Планином" Линкови Временска
прогноза
Планинарска
друштва
Планинарски
домови
CSS play